Хотел "СОНЦЕ - Палас", Александар Македонски 4/3а, Прилеп
English
Сместувачки капацитети го сичинуваат 52 легла распоредени во апартмани, двокреветни и трокреветни соби; сите луксузно опремени, климатизирани, директни телефонски линии со систем на будење, кабловска ТВ, приклучоци за интернет, мини бар, сеф-депозит за секоја соба, капатила со комплетна тоалет галантерија, балкон или тараса.
Нашиот искусен и пријателски, мултијазичен тим е тука за да Ви обезбеди топло "добредојде" и гарантиран пријатен престој. Комплетно опремената рецепција ќе Ви одговори на сите барања што ги имате во секое време.
Хотелот располага со сопствен туристички водич кој зборува англиски, француски и германски јазик.
Хотел "СОНЦЕ - Палас" со комплетна техничка опрема ќе Ви одговори на сите Ваши барања за бизнис средби, прес конференции, семинари, конгреси и промоции.